Претседателот Ердоган ја заврши дводневната посета на Србија и се врати во земјата

Претседателот Ердоган и многучлената делегација во негова придружба по остварената дводневна посета на Србија, синоќа во 21:50 часот според турско време со авионот „TC-TUR“ пристигнаа на аеродромот Есенбога во Анкара

1284614
Претседателот Ердоган ја заврши дводневната посета на Србија и се врати во земјата

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган ја заврши дводневната посета на Белград каде што отпатува по повод вториот состанок на Советот за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Србија, по што синоќа се врати во земјата.

Претседателот Ердоган и многучлената делегација во негова придружба синоќа во 21:50 часот според турско време со авионот „TC-TUR“ пристигнаа на аеродромот Есенбога во Анкара. 

Овде, претседателот Ердоган беше пречекан од страна на потпретседателот Фуат Октај, министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу, валијата на Анкара Васип Шахин и шефот на полицијата на Анкара Сервет Јилмаз.

Заедно со претседателот Реџеп Тајјип Ердоган од остварената посета на Србија се вратија во Анкара и неговата сопруга Емине Ердоган, министерот за трезор и финансии Берат Албајрак, министерот за национална одбрана Хулуси Акар, министерот за земјоделство и шумарство Бекир Пакдемирли, министерот за транспорт и инфраструктура Џахит Турхан, шефот на одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун и портпаролот на кабинетот на претседателот Ибрахим Калин.



Слични вести