Од Ердоган до Путин: Операцијата на Турција ќе придонесе Сирија да се стекне со мир и стабилност

Претседателот Ердоган разговараше телефонски со својот руски колега Владимир Путинна кого му рече дека воената операција којашто Турција планира да ја реализира во источниот дел на реката Еуфрат, ќе придонесе Сирија да се стекне со мир и стабилност

1284806
Од Ердоган до Путин: Операцијата на Турција ќе придонесе Сирија да се стекне со мир и стабилност

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган оствари телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин.

Во телефонскиот разговор, Ердоган истакна дека воената операција којашто Турција планира да ја реализира во источниот дел на реката Еуфрат, ќе придонесе Сирија да се стекне со мир и стабилност.

Тој рече дека оваа операција ќе го отвори и патот пред политичкиот процес во Сирија.

Претседателот Ердоган во телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин нагласи дека главен елемент од аспект на Турција е да се одбранат правата и интересите на сирискиот народ, а воедно додаде дека Турција го цени конструктивниот став што го следи Русија во овој процес.



Слични вести