Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Подготовките за операцијата ги следиме одблизу

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар информираше за последната состојба до која е дојдено во подготовките за реализација на евентуална операција во источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија

1284707
Министерот за национална одбрана Хулуси Акар: Подготовките за операцијата ги следиме одблизу

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар учествуваше на церемонијата на отворање на новата академска 2019-2020 година на Воздухопловното воено школо на Универзитетот за национална одбрана.

Министреот Акар на церемонијата дојде заедно со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер, командантот на копнените сили генерал на армија Умит Дундар, командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал и командантот на воздушните сили генерал на армија Хасан Кучукакјуз.

Хулуси Акар во говорот што го одржа овде се осврна на последната состојба до која е дојдено во подготовките за реализација на евентуална операција источно од реката Еуфрат.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека продолжуваат подготовките за евентуалната операција и рече: „Нашите активности во врска со операцијата продолжуваат, продолжуваат пристигнувањето (на воените единици) и подготовките. Ги следиме одблизу со нашите другари команданти овие активности.“

 



Слични вести