Чавушоглу: Операцијата Извор на мирот се реализира согласно меѓународното право

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека операцијата Извор на мирот се реализира согласно меѓународното право, членот 51 од Повелбата на ОН и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН)

1285020
Чавушоглу: Операцијата Извор на мирот се реализира согласно меѓународното право

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во врска со започнувањето на операцијата Извор на мирот против целите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, источно од реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, сподели објава на својата сметка на социјалната мрежа Твитер. 

Чавушоглу истакна дека операцијата Извор на мирот се реализира согласно меѓународното право, членот број 51 од Повелбата на Обединетите нации (ОН) и резолуциите на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН) во врска со борбата против тероризмот.

„Со операцијата Извор на мирот подрачјето ќе биде исчистено од терористите, ќе бидат земени под гаранција пограничната безбедност и територијалниот интегритет на Сирија, бегалците ќе можат да се вратат безбедно во своите домови и ќе дојде мир и спокојство во регионот.“ - напиша министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во својата објава на социјалната мрежа Твитер. 



Слични вести