САД продолжуваат да испраќаат логистичка поддршка на терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија

Конвојот составен од 80 шлепери кои што беа испратени од воените сили на САД во Ирак, синоќа во 21:00 часот премина преку ирачко-сирискиот граничен премин Симелка

1283853
САД продолжуваат да испраќаат логистичка поддршка на терористичката ЈПГ/ПКК во Сирија

Соединетите Американски Држави (САД) и понатаму продолжуваат да испраќаат логистички материјали и опрема во подрачјето во североисточниот дел на Сирија кое се наоѓа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК.

Конвојот составен од 80 шлепери кои што беа испратени од воените сили на САД во Ирак, синоќа во 21:00 часот премина преку ирачко-сирискиот граничен премин Симелка.

Како што беше согледано приколките на шлеперите коишто се движеа во областа под окупација на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК беа покриени со церади, а на некои шлепери чии приколки беа отворени имаше пикапи 4х4 и бетонски блокови.

На тој начин, бројот на шлепери кои што беа испратени од страна на САД во северниот дел на Сирија само во последната една недела, достигна до 600.

САД под изговор дека води борба против ДЕАШ, од 2015 година и даваат воена поддршка на ЈПГ/ПКК и моментално во Сирија располагаат со некаде околу 2 илјади свој персонал во 18 бази и воени пунктови.

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК продолжува да држи под окупација една третина од територијата на Сирија.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, претходно низа пати ги предупреди САД во однос на тоа дека со тоа што и испратија на ЈПГ/ПКК десетици илјади шлепери полни со оружје и муниција им наштетија на сојузничките односи со Турција.



Слични вести