Претседателот Доналд Трамп: Турција е значајна членка на НАТО која ужива висок респект

Американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер истакна дека не треба да се заборави дека Турција е значајна членка на НАТО која ужива висок респект и најави дека на негова покана претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 13 ноември ќе ги посети САД

1284142
Претседателот Доналд Трамп: Турција е значајна членка на НАТО која ужива висок респект

Американскиот претседател Доналд Трамп во објавата што ја сподели на својата сметка на социјалната медија Твитер истакна дека Турција е значајна членка на НАТО која ужива висок респект.

Трамп напиша: „Многумина забораваат дека Турција е голем трговски партнер на САД. Турција го произведува челичниот труп на борбените авиони Ф-35. Истовремено ми помогнаа во спасувањето на голем број животи во Идлиб (Сирија). Освен тоа, овозможија да се врати свештеникот Брансон (американскиот свештеник кој извесно време беше уапсен во Турција). Позначајно и од тоа, не заборавајте дека Турција е значајна членка на НАТО, која ужива висок респект.“

Американскиот претсеадтел Доналд Трамп воедно најави дека на негова покана претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на 13 ноември ќе ги посети Соединетите Американски Држави (САД).

 

 



Слични вести