Пораки со поддршка од политичките партии за операцијата на Турција во североисточниот дел на Сирија

Почнаа да пристигнуваат и пораки со поддршка од политичките партии во врска со операцијата на Турција против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во источниот дел на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија

1284096
Пораки со поддршка од политичките партии за операцијата на Турција во североисточниот дел на Сирија

Од политичките партии пристигнуваат пораки со поддршка во врска со операцијата којашто Турција планира да ја реализира против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во североисточниот дел на Сирија.

Потпретседателот на владејачката Партија за правда и развој АКП (АК Партијата) за надворешни односи Џевдет Јилмаз истакна дека целта на Турција во источниот дел на реката Еуфрат е да ги исчисти терористичките елементи, да ја воспостави пограничната безбедност и да формира безбедна зона за која што ќе се овозможи враќање на бегалците во своите домови.

Потпретседателот на АК Партијата за политички и правни прашања Хајати Јазиџи исто така подвлече дека Турција е одлучна да ја воспостави сопствената безбедност, а како што рече со целосно елиминирање на терористичката организација која е вгнездена во подрачјето.

Генералниот секретар на АК Партијата Фатих Шахин пак, истакна дека прекуграничната операција не претставува избор, туку неопходност и одговорност за Турција.

Потпретсердателот на АК Партијата Јилдирим Каја исто така напомена дека Турција нема претензии (око) кон ничии територии.

Потпретседателот на Партијата за национално движење (МХП) Мустафа Калајџи во врска со операцијата којашто Турција планира да ја реализира против сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК, во североисточниот дел на Сирија рече: „Турција е посветена на одбраната на својата национална безбедност. Од тоа не би требало да биде вознемирена ниту една земја. Овој став којшто е крајно легитимен и правен, истовремено е и надеж за угнетените и загрозените под терористичката закана. Турција го почитува и се придржува кон територијалниот интегритет на Сирија.“

Портпаролот на Партијата ИЈИЈавуз Агиралиоглу исто така нагласи дека турската држава нема да покаже ниту најмала толеранција пред тероризмот и рече: „За нас претставува национална одговорност да го поддржуваме секој чекор којшто ќе биде фрлен во рамките на борбата против тероризмот.“

Претседателот на Партијата за големо единство (ББП) Мустафа Дестиџи пак, нагласи дека воената операција којашто ќе се реализира во источниот дел на Еуфрат е значајна и неопходно колку и Мировната операција на Кипар од 1974 година.



Слични вести