Пентагон: Нема да се поддржува операцијата на Турција на северот на Сирија и да се биде дел од неја

Портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман рече: „Секретаријатот за одбрана, како што истакна и претседателот (американскиот претседател Доналд Трамп) не ја поддржува операцијата на Турција кон северниот дел на Сирија“

1283934
Пентагон: Нема да се поддржува операцијата на Турција на северот на Сирија и да се биде дел од неја

Американскиот секретаријат за одбрана (Пентагон) соопшти дека САД нема да ја поддржат евентуалната операција во северниот дел на Сирија и нема да бидат дел од неја.

Портпаролот на Пентагон Џонатан Хофман во објавеното писмено соопштение ја изнесе следната констатација: „Секретаријатот за одбрана, како што истакна и претседателот (американскиот претседател Доналд Трамп) не ја поддржува операцијата на Турција кон северниот дел на Сирија. Вооружените сили на САД не ја поддржуваат и нема да бидат вклучени во една ваква операција.“ 

Велејќи дека, на разговорите помеѓу функционерите на министрествата за одбрана на двете земји е одлучено безбедноста во подрачјето да се воспоставува со координација и во соработка, Хофман рече: „Секретарот (Марк) Еспер и началникот на Генералштабот генерал (Марк) Милеј им рекоа на своите турски соговорници дека едностраните чекори ќе претставуваат ризик за Турција. Како што рече и претседателот (Доналд Трамп), Турција заедно со другите европски земји ќе биде одговорна за борците на ДЕАШ кои се уапсени во реализираните операции под водство на САД.“ 

Воедно и портпаролката на Пентагон потполковник Карла Глисон во дадената изјава за новинската агенција „АА“ (Anadolu Agency) рече: „Турција е извадена од Наредбата за воздушна мисија од страна на Заедничкиот центар за воздушна операција и е сопрено доставувањето на податоците за извидување и набљудување на Турција.“

На прашањето во врска со тоа „Дали тоа значи дека се затвара воздушниот простор за Турција?“, Глисон одговори со зборовите „И покрај тоа што технички не е во таа смисла, откако еден воздушен елемент ќе биде изваден од Наредбата за воздушна мисија речиси доаѓа во невозможна состојба да лета без координати во подрачјето за кое станува збор.“



Слични вести