Морал за турските војници од министерот Мевлут Чавушоглу со фотографија во воена униформа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со објавување на своја фотографија во воена униформа на Инстаграм, пред операцијата за којашто се очекува да се реализира во источниот дел на реката Еуфрат, им даде морал на турските војници

1284120
Морал за турските војници од министерот Мевлут Чавушоглу со фотографија во воена униформа

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пред реализацијата на евентуална воена операција од страна на Турција врз целите на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во североисточниот дел на Сирија, на својата сметка на социјалната медија Инстаграм сподели објава со своја сликана фотографија во воена униформа.

Чавушоглу со објавување на оваа своја фотографија во воена униформа пред операцијата за којашто се очекува да се реализира во источниот дел на реката Еуфрат, им даде морал на турските војници.

Мевлут Чавушоглу под својата споделена објава им оддели место на следните стихови од познатата песна на турскиот поет Намик Кемал „Песна за татковината“:

„Големината на нашите предци е позната низ целиот свет, 

Немој да помислиш дека природата се менува, оваа крв е повторно таа иста крв“

("Ecdadımızın heybeti ma'ruf-ı cihandır,

Fıtrat (yaratılış) değişir sanma bu kan yine o kandır.")

Оваа споделена фотографија на министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на Инстаграм, доби илјадници лајкувања од неговите следбеници.



Слични вести