МНР: Турција е одлучна да ги исчисти терористите од источниот дел на Еуфрат во Сирија

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со изјавите на некои странски функционери по прашањето на безбедната зона којашто ќе се формира во источниот дел на реката Еуфрат

1283662
МНР: Турција е одлучна да ги исчисти терористите од источниот дел на Еуфрат во Сирија

Турција соопшти дека е одлучна да го исчисти од терористите источниот дел на реката Еуфрат во Сирија и со тоа да ја стави во примена безбедната зона којашто ќе се формира овде. 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој одговори писмено на едно поставено прашање во врска со изјавите на некои странски функционери по прашањето на безбедната зона којашто ќе се формира во источниот дел на реката Еуфрат.

Аксој нагласи дека најосновно право на Турција кое што се потпира на меѓународното право, да ги преземе мерките коишто ги налага нејзината национална безбедност против секој вид терористичка закана којашто произлегува од Сирија.

Привлекувајќи внимание дека Турција досега вложуваше максимални напори за ставање во примена заедно со своите сојузници на мерките за коишто станува збор, портпаролот Аксој рече: „Водевме конструктивни и добронамерни напори со цел со посредство на безбедната зона којашто ќе се формира во северниот дел на Сирија да се одбранат нашите легитимни безбедносни интереси и да се отвори патот за безбедно и доброволно враќање назад во своите домови на стотици илјади Сиријци кои беа принудени да ги напуштат своите родни места.“ 

Портпаролот на Министерството за надворешни работи Хами Аксој укажа на тоа дека во фазата до којашто е дојдено воените органи на САД не ги исполнија своите ветувања и го додаде следното: „Во текот на процесот безбедносната бирократија на САД не само што не стави крај на својот ангажман со терористичката организација ПЈД/ЈПГ која го држи под окупација источниот дел на Еуфрат, туку го зголеми овој свој ангажман и презентираше приод во спротивност со сојузничката врска со нашата земја. Турција, како одговорен член на меѓународната заедница, е одлучна по прашањето на водење борба против секој вид тероризам. Не може да се остане посматрач пред јакнењето на терористичката организација ПЈД/ЈПГ/ПКК на териториите на Сирија веднаш до нашите граници, а која терористичка организација е духовен близнак на ДЕАШ и е позната по злосторствата која што освен против нашата земја и нашиот народ ги врши и против сирискиот народ и човештвото. Турција е одлучна да го исчисти источниот дел на Еуфрат од терористите и со тоа да ја стави во примена безбедната зона со цел да ги одбрани сопственото постоење и сопствената безбедност, а воено да ги воспостави спокојството, мирот и стабилноста во Сирија. На тој начин ќе биде елиминирана и сериозната закана насочена против територијалниот интегритет и единството на Сирија и ќе се воспостави силна основа за да не се појави повторно ДЕАШ и сличен проблем во иднина, во регионот.“

  



Слични вести