Исповед од Трамп: Во времето на Обама се соработуваше со ПКК, а не со Курдите во Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп сподели објава на Твитер во која се истакнува дека во времето на поранешниот претседател Барак Обама се соработуваше со ПКК озлогласениот непријател на Турција, а не со Курдите во Сирија

1283503
Исповед од Трамп: Во времето на Обама се соработуваше со ПКК, а не со Курдите во Сирија

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата сметка на социјалната медија Твитер им оддели место на споделените објави на Мајкл Дориан, искусен експерт на Институтот Хадсон за Блискиот исток, а во кои се поддржува последната одлука на САД за повлекување од Сирија. 

Трамп објави содржина од времето на поранешниот претседател Барак Обама која што се однесува на соработката на САД со сепаратистичко-терористичката организација ПКК, а не со Курдите во Сирија.

Доналд Трамп ја ретвитираше споделената објава на искусниот експерт за Блискиот исток Дориан во која се вели следното: „Во времето на Обама не соработувавме со Курдите, туку со озлогласениот непријател на Република Турција. Со оваа политика го сеевме семето на војната помеѓу Турција и ПКК, и истовремено ја фрлавме Турција во прегратката на Русија.“

Американскиот претседател Доналд Трамп на својата сметка на социјалната медија Твитер заедно и со видео снимката снимена од страна на новинската агенција Анадолија „АА“ ја сподели и објавата во којашто се истакнува дека на еден панел на којшто учествувал во јануари 2018 година, во Вашингтон, го рекол следното: „Зарем сте зачудени од она што го гледате во северниот дел на Сирија? Јас не сум зачуден. Во јануари 2018 година ја соопштив дилемата во којашто не вовлече Обама во врска со Турција.“ 

Овие споделени објави на сметката на американскиот претседател Доналд Трамп за кусо време беа лајкувани и ретвитирани од страна на илјадници лица.



Слични вести