Ердоган: Трилатералниот Самит Турција-Србија-БиХ ќе стане повод за зближување на нашите народи

Претседателот Ердоган истакна дека Трилатералниот самит Турција-Србија-Босна и Херцеговина ќе стане повод за мошне продуктивни случувања во точката на зближување на народите во трите земји

1284214
Ердоган: Трилатералниот Самит Турција-Србија-БиХ ќе стане повод за зближување на нашите народи
erdogan sirbistan.jpg

Белград денеска беше домаќин на Трилатералниот самит Турција-Србија-Босна и Херцеговина.

Самитот се одржа со учество на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, српскиот претседател Александар Вучиќ во својство на домаќин и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ и бошњачкиот член Шефик Џаферовиќ и српскиот член на Претседателството Милорад Додик.

По самитот, Ердоган, Вучиќ, Комшиќ, Џаферовиќ и Додик одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа овде истакна дека лично е среќен и радосен поради тоа што по остварените проодуктивни состаноци во рамките на односите помеѓу Турција и Србија, помина продуктивно и Трилатералниот самит Турција-Србија-Босна и Херцеговина, а воедно информира дека следниот Трилатерален самит ќе се одржи во мај во Босна и Херцеговина, а потоа наредниот во Турција.

Ердоган истакна дека Трилатералниот самит Турција-Србија-Босна и Херцеговина ќе стане повод за мошне продуктивни случувања во точката на зближување на народите во трите земји.

„И тоа што ова ќе продолжи на одлучен начин, односно тројниот механизам ќе биде зајакнат, ќе стане повод за мошне продуктивни случувања, како во точката на Турција, Србија и Босна и Херцеговина, така и во точката на зближувањето на нашите народи“ - порача Ердоган.

Претседателот Ердоган објасни дека најзначајна страна на денешниот самит беше особено можноста да се разговара за тоа како што побрзо да се реши проблемот за формирање на владата во Босна и Херцеговина.

„Сакаме овој проблем да се реши што е можно поскоро, бидејќи помина цела година и во земја во која нема влада тешко е да се зборува за конструктивна иднина. Неопходно е да се реши тоа што е можно поскоро“, рече Тој.

Укажувајќи на значењето и на чекорите коишто ќе бидат фрлени по прашањето на транспортот (сообраќајот) и автопатите, Ердоган напомена дека овие чекори ќе станат повод за мошне значајни случувања и развој помеѓу Србија и Босна и Херцеговина.

Тој појасни дека изградбата на автопатот помеѓу Белград и Сараево ќе ги доведе поготово во продуктивна состојба населувањето и цивилизацијата во целиот регион, а исто така ќе ја спречи и миграцијата од овие простори.

Ердоган рече: „Верувам дека патот кој се планира да биде изграден ќе биде повод за подобрување на односите меѓу Србија и Босна и Херцеговина. Јас секогаш потенцирам дека патот значи живот, дека патот значи цивилизација. Ако успееме во тоа, патот што ќе се гради помеѓу Белград и Сараево е пат што економски ќе ги подигне сите места меѓу овие два града и верувам дека овој пат ќе ги спречи луѓето да се селат од овие области и дека ќе стане атрактивен за живот.“

Српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор им се заблагодари на претседателот Ердоган и на Турција за значајната улога што ја презедоа во точката на стабилноста на Балканот. 

Велејќи дека со проектот на автопатот Белград-Сараево ќе бидат поврзани со Белград и големите градови на Босна и Херцеговина Бјелина и Тузла, Вучиќ рече: "Овој проект е многу значаен за развојот на нашите трговски односи." 

Српскиот претседател Александар Вучиќ напомена дека секогаш е спремен за преговарање и го додаде следното: "Наместо да мислиме како да се уништуваме еден со друг, треба да мислиме за тоа како ќе живееме заедно, во соживот, во иднина."



Слични вести