Чавушоглу во Белград го отвори споменикот посветен на амбасадорот Галип Балкар

И благодарам на Србија за активностите во борбата против тероризмот

1284186
Чавушоглу во Белград го отвори споменикот посветен на амбасадорот Галип Балкар
cavusoglu sirbistan anit1.jpg

Министерот за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во Белград го отвори споменикот посветен на Ахмет Галип Балкар, поранешниот амбасадор на РТ во Белград кој загина во вооружениот напад на ерменската терористичка организација АСАЛА (Тајна ерменска војска за ослободување на Ерменија) на 9 март 1983-та година.

Во писменото соопштение кое беше објавено од страна на МНР на Србија, министерот Чавушоглу заедно со српскиот колега Ивица Дачиќ учествуваа на свеченото отворање на споменикот посветен на Балкар кој беше убиен во близината на амбасадата.

Министерот Чавушоглу во говорот во оваа прилика рече: „Ја користам оваа прилика да и се заблагодарам на Србија за активностите во борбата против тероризмот. Исто така и Турција води активна борба против тероризмот.“



Слични вести