Чавушоглу и Лавров разговараа телефонски за Сирија

Во објавеното писмено соопштение од руското Министерство за надворешни работи се истакнува дека двајцата шефови на дипломатии Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу остварија телефонски разговор посветен на Сирија

1284177
Чавушоглу и Лавров разговараа телефонски за Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу разговараше телефонски со рускиот министер за навдоршени работи Сергеј Лавров по прашањето на Сирија.

Во објавеното писмено соопштение од руското Министерство за надворешни работи се истакнува дека двајцата шефови на дипломатии Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу остварија телефонски разговор.

Во соопштението се вели дека Лавров и Чавушоглу во телефонскиот разговор привлекоа внимание особено на ситуацијата во североисточниот дел на Сирија и дека детално преговараа за решението на сириското прашање.

Освен тоа, во телефонскиот разговор беше разгледана и ситуацијата на Балканот и како што се наведува двајцата министри за надворешни работи постигнаа согласност по прашањето на продолжување на интензивниот дијалог за уште повеќе зајакнување и развивање на турско-руската соработка во секоја сфера.



Слични вести