Соопштение од ЕУ во врска со евентуалната операција на Турција на северниот дел на Сирија

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич рече: „ЕУ, заедно со тоа што ги разбираме легитимните безбедносни грижи на Турција, уште од почетокот вели дека кризата во Сирија може да се реши со политички методи, а не со воени методи“

1283242
Соопштение од ЕУ во врска со евентуалната операција на Турција на северниот дел на Сирија

Европската унија (ЕУ), во врска со евентуалната операција којашто Турција планира да ја реализира на северниот дел на Сирија соопшти дека Унијата ги разбира легитимните безбедносни грижи на Турција.

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич на одржаниот редовен дневен состанок за печатот одговори на поставените прашања во врска со евентуалната операција на Турција на северниот дел на Сирија во врска со што рече: „Европската унија (ЕУ), заедно со тоа што ги разбираме легитимните бебзендосни грижи на Турција, уште од почетокот вели дека кризата во Сирија може да се реши со политички методи, а не со воени методи.“

Портпаролката Коцијанчич подвлече дека Европската унија (ЕУ) ги поддржува процесот на политичко ршеение на Обединетите нации (ОН) и единството, суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.

Портпаролката на Европската комисија (ЕК) Маја Коцијанчич воедно соопшти дека сириското прашање ќе биде поставено на разгледување во Советот за надворешни работи којшто ќе се состане наредната недела.



Слични вести