Претседателот Ердоган во официјална посета на Србија

Претседателот Ердоган во претседателската палата во Белград беше пречекан со официјална церемонија од страна на неговиот колега, српскиот претседател Александар Вучиќ

1283412
Претседателот Ердоган во официјална посета на Србија
erdogan sirbistan.jpg
erdogan sirbistan1.jpg
erdogan vucic heyetlerarasi.jpg
erdogan sirbistan2.jpg
erdogan-vucic.jpg
erdogan vucic basin toplantisi.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган отпатува во дводневна официјална посета на Србија.

Ердоган во претседателската палата во Белград беше пречекан со официјална церемонија од страна на неговиот колега, српскиот претседател Александар Вучиќ.

По церемонијата, двајцата претседатели, ја прошетаа изложбата составен од документи и фотографии во Државната архива на Србија, а по повод одбележувањето на 140. годишнина од воспоставените дипломатски односи помеѓу двете земји. 

Ердоган и Вучиќ по одржаната средба лице в лице претседаваа со вториот состанок на Советот за соработка на високо ниво помеѓу Турција и Србија.

Во говорот што го одржа овде, претседателот Ердоган истакна дека буди радост тоа што односите помеѓу двете земји продолжуваат со нивно зајакнување.

„Порастот на сиве овие политички економски, трговски, културни односи помеѓу Турција и Србија навистина ги засенува очите. Јас му придавам мошне многу значење на состанокот на Советот за соработка на високо ниво за зголемување на сиве овие односи по нагорна линија и верувам дека тие, заеднички и на високо ниво со инфраструктурните работи кои што ќе ги реализираат сите наши министерства, како и работите кои што ќе ги реализираме ние, ќе бидат водени многу понапред.“ - порача претседателот Ердоган.

Српскиот претседател Александар Вучиќ истакна дека во смисла на економската соработка беше разговарано во однос на некои нови сфери и го рече следното: „Постигнавме согласност по прашањето на тоа дека би можеле уште повеќе да ја развиеме нашата соработка во туризмот, културата и сите други сфери.“

По овој состанок, двајцата претседатели, Ердоган и Вучиќ, фрлија потпис на 9 договори помеѓу двете земји, а потоа одржаа заедничка прес конференција.

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган истакна дека ќе се залага за развивање на односите со Србија во сфери како што се политиката, трговијата, економијата и одбраната и дека соработката помеѓу двете земји достигна до извонредно ниво.

Велејќи дека взаемниот трговски обем е зглемен на 1,2 милијарди долари, Ердоган напомена дека се има за цел во краткорочен период оваа соработка да се зголеми на 2 милијарди долари, а во долгорочен период на 5 милијарди долари.

Претседателот Ердоган воедно соопшти дека Србија одговори позитивно на барањето на Турција за отворање на Генерален конзулат во Нови Пазар.

Потсетувајќи дека утре ќе се одржи трилатералниот Самит меѓу Турција, Србија и Босна и Херцеговина, претседателот Ердоган рече: „На тој начин ќе изградиме еден нов мост на пријателство и мир, кој што ќе ги поврзува нашите срца. За човештвото има потреба од мир, а не од кавга.“

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во говорот што го одржа и на Турско-српскиот бизнис форум ги покани бизнисмените да инвестираат и во двете земји.



Слични вести