Песков: Русија знае оти Турција операцијата во Сирија ќе ја реализира за сопствената безбедност

Дмитриј Песков истакна дека Кремљ знае за приврзаноста на Турција кон предусловот за територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија и рече: „Знаеме и ги прифаќаме активностите на Турција во правец на воспоставување на сопствената безбедност“

1283346
Песков: Русија знае оти Турција операцијата во Сирија ќе ја реализира за сопствената безбедност

Портпаролот на Кремљ (претседателскиот дворец на Русија) Дмитриј Песков во главниот град Москва одговараше на прашањата на новинарите во врска со евентуалната операција на Турција во северниот дел на Сирија.

Песков нагласувајќи дека Кремљ знае за приврзаноста на Турција кон предусловот за територијалниот интегритет и политичкото единство на Сирија, го рече следното: „Знаеме и ги прифаќаме активностите на Турција во правец на воспоставување на сопствената безбедност. Мислиме против терористичките елементи коишто би можеле да се засолнат на териториите на Сирија.“

На прашањето, дали изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп нема да учествуваат во евентуалната операција на Турција значи дека САД ќе се повлечат од регионот, Песков истакна дека во врска со „тој сигнал“ не можат да одлучат тие.

Дмитриј Песков рече: „Ја знаете општо позицијата на Русија. Оваа позиција во блиско време беше повторена од страна на рускиот претседател Владимир Путин кој рече дека сите странски сили кои се наоѓаат илегално на териториите на Сирија треба да ги напуштат овие територии. Основата на нашата позиција е таа.“

Велејќи дека рускиот претседател Владимир Путин и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган деновиве не разговараа за евентуалната воена операција на Турција на северниот дел на Сирија, Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го додаде следното: „Контактите помеѓу Русија и Турција во воената сфера и разузнавањето се интензивни и редовни.“



Слични вести