Паника кај терористите на ЈПГ/ПКК поради наближување на операцијата на Турција

Терористичката ЈПГ/ПКК која се поддржува од страна на САД, а под изговор за водење борба против тероризмот, пренесува бетонски блокови за зацврстување на ископаните тунели на границата во окупираното населено место Расу'ул Ајн кај градот Хасеке

1283082
Паника кај терористите на ЈПГ/ПКК поради наближување на операцијата на Турција

Сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија на границата со Турција, носи бетонски блокови за нивно поставување во ископаните тунели на границата против воената операција на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) којашто наближува.

Терористичката ЈПГ/ПКК која се поддржува од страна на САД, а под изговор за водење борба против тероризмот, пренесува бетонски блокови за зацврстување на ископаните тунели на границата во окупираното населено место Расу'ул Ајн кај градот Хасеке.

Раздвиженоста и активностите за пренесување на бетонски блокови од страна на сепаратистичко-терористичката организација ЈПГ/ПКК која западна во паника поради евентуалната воена операција од страна на Турција и Слободната сириска армија (ССА) во источниот дел на реката Еуфрат, во североисточниот дел на Сирија, беа забележани и снимени од населеното место Џејланпинар, во Турција, кое се наоѓа веднаш наспроти Расу'л Ајн, на сириска територија.

Од друга страна, во текот на денот беше забележно дека повремено над Рас'ул Ајн летаа и хеликоптери на САД.

На границата каде што владее голема раздвиженост воедно и Турските вооружени сили (ТВС или TSK) продолжуваат да реализираат интензивни патроли со оклопни возила во подрачјето.



Слични вести