Интервју на претседателот Ердоган за српскиот весник „Политика“ пред посетата на Белград

Претседателот Ердоган пред да замине за Белград даде интервју за српскиот весник „Политика“ каде што истакна дека односите помеѓу Турција и Србија се наоѓаат на најдобро ниво во историјата

1283167
Интервју на претседателот Ердоган за српскиот весник „Политика“ пред посетата на Белград

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган денеска отпатува во дводневна посета на Србија.

Ердоган пред да замине за Белград даде интервју за српскиот весник „Политика“ каде што истакна дека односите помеѓу Турција и Србија се наоѓаат на најдобро ниво во историјата и рече: „И покрај тоа што не располагаме со заедничка граница, ние Србија ја сметаме за наша соседна земја.

Тој појасни дека одбрана на мирот и стабилноста на Балканот е од мошне големо значење и напомена дека доколку продолжи просперитетот и спокојството во Србија тоа ќе се одрази позитивно на целиот регион.

Правејќи проценка и на економските односи помеѓу Турција и Србија, Ердоган истакна дека заедничкиот трговски обем во 2018 година собори рекорд и достигна до 1,2 милијарди долари, а воедно додаде дека целта во трговскиот обем е да се достигне до бројката од 5 милијарди долари. 

По прашањето на проблемот со Косово пак, претседателот Ердоган подвлече дека треба да се постигне договор којшто ќе ги задоволи и двете страни.

„Го поддржуваме постигнувањето на траен и сеопфатен договор кој што ќе се потпира на слободната волја и компромисот на двете страни.“ - порача претседателот Реџеп Тајјип Ердоган во интервјуто што го даде за српскиот весник „Политика“ пред неговата дводневна посета на Белград која што започна денеска.



Слични вести