Ердоган разговараше телефонски со Трамп во врска со безбедната зона во Сирија

Во телефонскиот разговор на претседателот Ердоган со американскиот претседател Трамп освен за билатералните односи беа разменети мислења во врска со безбедната зона за којашто се планира да се формира во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија

1282775
Ердоган разговараше телефонски со Трамп во врска со безбедната зона во Сирија

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган синоќа оствари телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп посветен на сириската криза.

Според објавеното соопштение од Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот, во телефонскиот разговор што го оствари претседателот Ердоган со американскиот претседател Трамп освен за билатералните односи беа разменети мислења во врска со безбедната зона за којашто се планира да се формира во источниот дел на реката Еуфрат, во Сирија.  

Во разговорот, претседателот Ердоган нагласи дека Турција е одлучна да ја продолжи борбата против терористичките организации ПКК/ПЈД и ДЕАШ во Сирија и дека ќе ги преземе сите видови мерки за да не дојде до ваков проблем во регионот, а воедно ја сподели со својот американски колега Трамп и вознемиреноста поради тоа што воената и безбедносната бирократија на САД не го исполнува она што е непоходно во однос на постигнатата спогодба помеѓу двете земји. 

Двајцата лидери, во телефонскиот разговор воедно одлучија на покана на американскиот претседател Доналд Трамп да се состанат наредниот месец, во ноември, во Вашингтон. 

Во објавеното соопштение од Белата куќа во врска со остварениот телефонски разговор синоќа помеѓу претседателот Ердоган и американскиот претседател Трамп пак, се вели следното: „Турција наскоро ќе стапи во акција за реализација на операцијата која што ја планира долго време во северниот дел на Сирија. Вооружените сили на САД нема да ја поддржат и нема да се приклучат кон оваа операција.“



Слични вести