Испратени нови дополнителни оклопни возила и воен пероснал на границата со Сирија

Конвојот составен од 9 шлепери со оклопни возила и еден автобус кој превезуваше воен персонал од Командата на 20-тата оклопна бригада во градот Шанлиурфа, под засилени безбедносни мерки пристигна во населеното место Акчакале на границата со Сирија

1282480
Испратени нови дополнителни оклопни возила и воен пероснал на границата со Сирија

Турските вооружени сили (ТВС или TSK) реализираа нова испорака на оклопни возила и воен персонал во воените единици на границата со Сирија.

Конвојот составен од 9 шлепери натоварени со оклопни возила и еден автобус кој превезуваше воен персонал од Командата на 20-тата оклопна бригада во градот Шанлиурфа, под засилени безбедносни мерки пристигна во населеното место Акчакале на границата со Сирија.

Како што се дознава конвојот е испратен со цел зајакнување на воените единици распоредени на границата со Сирија.

Од друга страна, во подрачјето на градот Хатај пристигнаа и тенкови и оклопни транспортери кои што се испратени како зајакнување на воените единици на границата со Сирија.

Конвојот составен од тенкови и оклопни транспортери испратени од страна на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) потоа пристигнаа во населеното место Рејханли во близина на сириската граница.

Воените возила потоа беа испратени на самата граница.



Слични вести