Претседателот Ердоган: Ги завршивме нашите планови, времето за операција источно од Еуфрат е блиску, можеби денес, можеби утре

Претседателот Ердоган истакна дека Турција ги заврши своите подготовки и планови и дека времето за операција во источниот дел на реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија е блиску, можеби денес, можеби утре

1282336
Претседателот Ердоган: Ги завршивме нашите планови, времето за операција источно од Еуфрат е блиску, можеби денес, можеби утре

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, воедно и претседател на владејачката Партија з аправда и развој АКП (АК Партијата), во своето обраќање денеска на 29. консултационен и евалуациски состанок на својата партија што се одржува во населеното место Кизилџахамам кај Анкара, се осврна на голем број актуелни прашања.

Во врска со операцијата во источниот дел на реката Еуфрат во североисточниот дел на Сирија, Ердоган истакна дека планот за операција е готов.

„Ги направивме нашите подготовки, ги завршивме нашите планови за операција, ги издадовме потребните инструкции. Времето за отворање на патот пред изворите на мирот чија одлука е донесена и процесот е започнат, е блиску, можеби денес, можеби утре. Оваа операција ќе ја водиме и од копно, и од воздух“ - порача претседателот Ердоган.

Тој во своето обраќање го истакна и тоа дека Турција ги достави сите свои предупредувања до своите соговорници во врска со источниот дел на реката Еуфрат.

„Бевме (се однесувавме) доволно трпеливи. Копнената патрола, воздушната патрола, гледаме дека сето тоа е приказна. Нашата цел е, и источниот дел на Еуфрат, потцртувам, да го наводнуваме со извори на мирот.“ - рече претседателот Реџеп Тајјип Ердоган и го додаде следното: „Нашето прашање до нашите сојузници е крајно отворено. Објаснете го тоа дали вие ПКК/ЈПГ која се обидувате да овозможите да биде испуштена од вид под името СДФ (Сириски демократски сили), ја признавате, или не ја признавате за терористичка организација.“



Слични вести