Повик од Турција до Ирак: Веруваме дека ирачката влада ќе ги фрли потребните чекори

МНР на Турција објави соопштение во кое се изразува сочувство поради големиот број загинати и повредени во антивладините протести коишто продолжуваат во Ирак и се изразува уверување дека ирачката влада ќе ги исполни очекувањата на народот во оваа земја

1282190
Повик од Турција до Ирак: Веруваме дека ирачката влада ќе ги фрли потребните чекори

Турција го изрази своето сочувство до ирачкиот народ поради човечките загуби во антивладините протести кои што продолжуваат во Ирак и соопшти дека верува оти ирачката влада ќе ги фрли потребните чекори за исполнување на очекувањата на народот.

Во објавеното соопштение од Министерството за надворешни работи се истакнува дека се чувствува длабоко жалење од големиот број жовечки загуби и повредени за време на антивладините протести кои што продолжуваат од 1 октомври наваму во главниот град Багдад и во некои јужни градови во Ирак.

Во соопштението се упатува повик за здрав разум за да не дојде до уште поголеми човечки загуби и се вели следното: "Им посакуваме милост од Аллах на сите наши ирачки браќа кои го загубија животот за време на протестите од цивилниот народ и од безбедносните сили, а на повредените им посакуваме побрзо оздравување. Турција и придава големо значење на стабилноста на Ирак. Наша искрена желба е ирачкиот народ да живее во спокојство и просперитет.  Веруваме дека ирачката влада ќе ги фрли потребните чекори за исполнување на легитимните очекувања на народот. За да не се доживеат поголеми човечки загу6и и рушења на протестите ги повикуваме сите на воздржаност и здрав разум."

Инаку, главниот град на Ирак, Багдад и некои јужни градови во оваа земја од 1 октомври стануваат сцена на жестоки антивладини протести против корупцијата,  невработеноста и недоволноста од јавни услуги. 

Според добиени последни информации во протестите досега животот го загубија повеќе од 100 лица, а стотици лица се повредени. 



Слични вести