Октај: Од новата ЕК очекуваме да креира пообјективна, праведна и визионерска политика кон Турција

Потпретседателот Фуат Октај рече: „Од новата Европска комисија (ЕК) очекуваме да креира пообјективна, праведна и визионерска политика кон Турција“

1282154
Октај: Од новата ЕК очекуваме да креира пообјективна, праведна и визионерска политика кон Турција

Потпретседателот Фуат Октај во претседателската палата во Бештепе, во Анкара, ги прими еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос, германскиот министер за внатрешни работи Хорст Шехофер и амбасадорот на Франција во Анкара Шарлс Фриес, кој го претставуваше францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер кој пак поради нападот со нож во Париз во кој животот го загубија неколку полицајци, во последен момент ја откажа посетата на Анкара.

Фуат Октај во говорот што го одржа на приемот потсети дека Европска комисија (ЕК) во својот нов состав ќе стапи на должност на 1 октомври. 

Тој истакна дека од новата Европска комисија (ЕК) се очекува да креира пообјективна, праведна и визионерска политика кон Турција.

Октај потсети дека Турција е домаќин на приближно 4 милиони луѓе кои беа принудени да ги напуштат своите домови и со тоа се наоѓа под тежок товар.

Потсетувајќи дека се додека не се подобрат политичките и економските услови во регионалните земји, не бидат укинати условите коишто стануваат причина за миграција нема да биде реално да се очекува да биде сведено на нула и нерегуларната миграција кон Европа, потпретседател Фуат Октај продолжи со следните зборови: "Да се бара Турција самата да го преземе (сноси) товарот на нерегуларната миграција не претставува правилен и правичен приод. Очекуваме да ја преземат потребната одговорност и да ја стават својата рака под каменот по ова прашање пред се Европската унија (ЕУ) и земјите членки на ЕУ.  Да не беа напорите на нашата земја во Европа ќе преминеа милиони лица. За правилно управување со кризата со миграцијата потребно е праведно споделување на товарот и одговорноста."

Октај потсети дека Турција ги продолжува разговорите со САД за формирање безбедна зона во должина на границата со Сирија и го додаде следното: "Во овој мировен коридор што ќе го формираме предвидуваме во подрачјето да бидат доброволно сместени приближно 2 милиони Сиријци. Досега во областите кои што нашата земја ги исчисти од тероризмот во Сирија се вратија над 365 илјади Сиријци. Оваа состојба укажува на тоа дека доколку ја воспоставиме безбедноста, ги обезбедиме основните потреби и ја воспоставиме потребната инфраструктура, Сиријците би можеле да се вратат назад на своите територии. Нашите проекти се готови, меѓутоа за нивно ставање во примена има потреба од сите актери во регионот на чело со Европската унија (ЕУ)." - рече потпретседателот Фуат Октај.

 



Слични вести