Генерал на армија Јашар Ѓулер разговараше телефонски со својот американски колега Марк Милеј

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер разговараше телефонски со својот американски колега началникот на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Марк Милеј

1282170
Генерал на армија Јашар Ѓулер разговараше телефонски со својот американски колега Марк Милеј

Началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер оствари телефонски разговор со новиот началник на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на Соединетите Американски Држави (САД) генерал Марк Милеј. 

Во разговорот двајцата началници на Генералштабови разменија мислења во врска со безбедната зона за којашто се планира да се формира во Сирија. 

Според споделената објава на сметката на Генералштабот на социјалната медија Твитер, началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер во остварениот телефонски разговор со новиот началник на Здружениот Генералштаб на Вооружените сили на САД генерал Марк Милеј му честита на својот американски колега за неговото назначување на оваа должност. 

Во телефонскиот разговор беа разменети мислења по прашањето на безбедната зона за којашто се планира да се формира во источниот дел на реката Еуфрат во Сирија.



Слични вести