Бродот „Јавуз“ пристигна на локацијата Ѓузелјурт-1 каде што ќе почне со дупчење во Средоземното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез информира дека бродот за сондажа Јавуз пристигна на локацијата Ѓузелјурт-1 каде што ќе започне со дупчење во Средоземното Море, во југозападниот дел на Кипар, во континенталниот гребен на Турција

1282408
Бродот „Јавуз“ пристигна на локацијата Ѓузелјурт-1 каде што ќе почне со дупчење во Средоземното Море

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез на својата сметка на социјалната медија Твитер сподели објава во врска со бродот за сондажа „Јавуз“ кој на 7 октомври ќе започне со дупчење во југозападниот дел на островот Кипар, во границите на континенталниот гребен на Турција.

Донмез истакна дека бродот за сондажа „Јавуз“ пристигна на локацијата Ѓузелјурт-1 каде што ќе ги продолжи своите активности за истражување јаглеводородни извори во Средоземното Море.

Министерот Фатих Донмез во својата објава напиша: „Нашиот брод за сондажа Јавуз пристигна на локацијата Ѓузелјурт-1. Нашиот брод ги започна работите за фокусирање на својата локација и откако ќе ги заврши сите свои подготовки ќе започне со сондажа (дупчење).“

Согласно Писмениот систем за предупредување за навигација, бродот за сондажа (дупчење) „Јавуз“ своите активности во Средоземното Море ќе ги продолжи до јануари 2020 година.



Слични вести