Во реализираните операции од 16 април до 30 септември се неутрализирани 608 терористи

Заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли истакна дека во реализираните операции пролетта и летото во периодот од 16 април до 30 септември се неутрализирани вкупно 608 терористи

1281809
Во реализираните операции од 16 април до 30 септември се неутрализирани 608 терористи

Заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли на редовниот месечен состанок за информирање на печатот во Министерството, истакна дека и покрај тоа што се намалуваат акциите на сепаратистичко-терористичката организација ПКК или изгледаат како да се завршени, борбата ќе продолжи се додека не бидат целосно ликвидирани овие структури.

Чатакли напомена дека во реализираните операции пролетта и летото во периодот од 16 април до 30 септември се неутрализирани вкупно 608 терористи.

Потсетувајќи дека бројот на терористите на ПКК на планините опадна на испод 600, Чатакли рече дека истрајноста и волјата што ја презентираат мајките од Дијарбакир е значаен и смисловен од аспект на овој процес.

Исмаил Чатакли укажувајќи на тоа дека продолжува стратегијата на непрекината операција во борбата против тероризмот, појасни дека во реализираните операции во текот на месец септември се неутрализирани вкупно 184 терористи (92 убиени, 37 фатени живи/ранети, 55 се предале) меѓу кои се наоѓаат и 9 терористи од водечкиот кадар кои се наоѓаа во списокот на барани терористи на Министерството за внатрешни работи, во категоријата означена со сива боја. 

Тој напомена дека од овие неутрализирани 184 терористи, 143 се припадници на ПКК/КЏК, 36 на ДЕАШ, а 5 мина припадници на радикални левичарски терористички организации.

Велејќи дека се уште продолжуваат операциите „Киран-1, 2, 3 и 4“, Чатакли истакна дека во овие операции се неутрализирани 63 терористи од кои двајца од списокот на барани терористи во категоријата со сива боја, а воедно се фатени 19 соработници и се уништени 68 пештери/скривници.

Чатакли рече: „Во 12.382 операции коишто се реализирани во периодот од 16 април до 30 септември против местата за засолнување се неутрализирани вкупно 608 терористи од кои 333 се убиени, 119 се фатени живи или ранети и 156 терористи се предадоа.“ 

Заменик министерот за внатрешни работи Исмаил Чатакли ја достави и информацијата дека во сиве овие реализирани операции се уништени 532 скривници, складишта и засолништа на терористите, а се запленети и 778 парчиња оружје и големи количини муниција.



Слични вести