Мевлут Чавушоглу: ЕУ сака поздрава соработка со Турција, но треба да се одржат и дадените ветувања

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека се согледува тоа оти Европската Унија (ЕУ) сака поздрава (попродуктивна) соработка со Турција по прашањето на миграцијата, но додаде дека треба да се одржат и дадените ветувања

1281854
Мевлут Чавушоглу: ЕУ сака поздрава соработка со Турција, но треба да се одржат и дадените ветувања

Министерорт за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Претседателството за Европска унија (ЕУ) во Анкара се состана на деловен доручек со еврокомесарот за миграција, внатрешни работи и државјанство Димитрис Аврамопулос и со амбасадорот на Франција во Анкара Шарлс Фриес, кој го претставуваше францускиот министер за внатрешни работи Кристоф Кастанер кој поради нападот со нож вчера врз полицајци во Париз, во последен момент ја откажа посетата на Анкара. 

Овде министерот Чавушоглу појасни дека се согледува тоа оти Европската Унија (ЕУ) сака поздрава (попродуктивна) соработка со Турција по прашањето на миграцијата, но додаде дека треба да се одржат и дадените ветувања.

Во дадената изјава по средбата, Чавушоглу истакна дека била изнајдена можност за правење проценка и на прашањето со миграцијата ѝ на односите меѓу Турција, ѝ Европската унија (ЕУ).

Чавушоглу рече: „Додека продолжуваат напроите на Турција ги кажавме и нашите очекувања од Европската унија (ЕУ). Откако во последно време дојде до мал пораст во премините кон грчките острови се попјавија и неосновани обвинувања против Турција. Не би можеле да го прифатиме тоа што (францускиот претседател Емануел) Макрон во своето обраќање пред Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), поточно како одговор на едно поставено прашање, ја обвини Турција. Наместо да се упатуваат вакви обвинувања, треба да зборуваме за тоа како заедно ќе го решиме проблемот.“

Потсетувајќи дека во последно време во Германија, Франција и Велика Британија се преземаат некои мерки против сепаратистичко-терористичката организација ПКК, министерот за надворшени работи Мевлут Чавушоглу рече: „Меѓутоа, ние тоа го сметаме за недоволно. Тоа е добар почеток, но недоволно. Не можевме да добиеме доволна поддршка во борбата против Фетулахистичката терористичка организација (ФЕТО). Ние рековме каква соработка сакаме со Европската унија (ЕУ). Средбата помина продуктивно.“



Слични вести