Фахреттин Алтун: Ќе формираме силен медиумски центар под покривот на борбата против исламофобијата

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседател Фахреттин Алтун истакна дека ќе биде формиран силен медиумски и комуникациски центар под покривот на борбата против исламофобијата

1282147
Фахреттин Алтун: Ќе формираме силен медиумски центар под покривот на борбата против исламофобијата

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседател Фахреттин Алтун даде изјави за Новинската агенција Анадолија „АА“ (Anadolu Agency) во врска со проектот за формирање на заеднички телевизиски канал меѓу Турција, Малезија и Пакистан.

Алтун истакна дека ќе биде формиран силен медиумски и комуникациски центар под покривот на борбата против исламофобијата.

„Оваа платформа којашто ќе може да се дизајнира со дигитална основа ќе подготвува обелоденувачки видеа, документарни филмови и ќе произведува видео вести за социјалните медиуми. Овој модел содржи еден кол центар и линија за доставување информации, фонд за филмови, кампањи за социјалните медиуми, извештај во одредени периоди и печатење на книги.“ - порача Алтун.

Нагласувајќи дека ваквите иницијативи нема да останат огрнаичени со формирање на телевизиски канал, Фахреттин Алтун го рече следното: „Иницијативата за која станува збор истовремено ќе биде позиционирана како центар за следење во врска со исламофобијата. Се размислува да се следат земја по земја исламофобичните настани и да се оформи концепт со којшто во емисиите ќе се изнесе овој проблем.“

Алтун подвлекувајќи дека продолжуваат концепт работите продолжи со следните зборови: „Техничките делегации, моментално работат на персоналот, опремата, финансиската градба, централните и регионалните структуирања и димензиите за развивање на содржина. Ќе поставиме одредена рамка пред посетата на господинот претседател Реџеп Тајјип Ердоган за која се планира да ја оствари на 23 и 24 октомври.“

Велејќи дека во прва етапа се предвидува јазикот на емитување да биде англиски, Алтун истакна дека во текот на процесот ќе бидат поставени на дневен ред емитување и на  емисии на други јазици.

Фахреттин Алтун подвлекувајќи дека седиштето на заедничкиот телевизиски канал да се наоѓа во Истанбул се оценува како голема можност и рече: „Секако ќе има претставништва и во главните градови на други земји. Односно ќе се формира целата градба која што е неопходна за делување на еден меѓународен канал."

Шефот на Одделот за комуникации во кабинетот на претседателот Фахреттин Алтун го додаде и тоа дека во оваа точка ќе се искористи и искуството со коешто располага Турската радио и телевизија (ТРТ).



Слични вести