Бродот „Јавуз“ на 7 октомври ќе почне со дупчење во југозападниот дел на Кипар, во континенталниот гребен на Турција

Генералниот директор за билатерални политички прашања и поморство-воздухопловство-граници при МНР Чагатај Ерџијес на социјалната мрежа Твитер истакна дека бродот „Јавуз“ својата нова операција за сондажа (дупчење) ќе ја започне на 7 октомври

1281984
Бродот „Јавуз“ на 7 октомври ќе почне со дупчење во југозападниот дел на Кипар, во континенталниот гребен на Турција

Бродот за дупчење „Јавуз“ на 7 октомври ќе почне со дупчење во југозападниот дел на островот Кипар, во границите на континенталниот гребен на Турција.

Генералниот директор за билатерални политички прашања и поморство-воздухопловство-граници при Министерството за надворешни работи Чагатај Ерџијес во соопштението што го сподели на својата сметка на социјалната мрежа Твитер истакна дека бродот „Јавуз“ својата нова операција за сондажа (дупчење) ќе ја започне на 7 октомври.

Ерџијес ја сподели информацијата дека сондажата (дупчењето) ќе се реализира во континенталниот гребен на Турција кој што е заведен во Обединетите нации (ОН) и во полињата со лиценца (дозвола) кои што турската Влада и ги даде на Турската нафтена компанија (ТПАО) во 2012 година и кои се објавени и во Службениот весник.

Нагласувајќи дека Кипарско-грчката управа од 2003 година ги прекршува правата на Турција и Турската Република Северен Кипар (ТРСК), Ерџијес рече дека Турција не ги признава тврдењата за поморската граница на Јужен Кипар по прашањата на континенталниот гребен и ексклузивните економски зони. 

Чагатај Ерџијес додаде дека тврдењата на Јужен Кипар со кои што овие области се прикажуваат како територијални води или граници на Европската унија (ЕУ) значат прекршување на меѓународното право.

Министерот за енергија и природни ресурси Фатих Донмез исто така вчера соопшти дека бродот за сондажа (дупчење) „Јавуз“ заплови кон полето Ѓузелјурт-1 каде што ќе ги продолжи своите истражувања во Средоземното Море.

Согласно Писмениот систем за предупредување за навигација, бродот за сондажа (дупчење) „Јавуз“ своите активности во Средоземното Море ќе ги продолжи до јануари 2022 година.



Слични вести