Акар побара од Еспер САД да престанат со поддршката на терористичката ПКК/ПЈД/ЈПГ

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа водеше телефонски разговор со својот американски колега Марк Еспер посветен на безбедната зона за која се планира да се формира во северниот дел на Сирија

1281476
Акар побара од Еспер САД да престанат со поддршката на терористичката ПКК/ПЈД/ЈПГ

Турција побара од Соединетите Американски Држави (САД) целосно да ја прекинат поддршката на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ.

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар синоќа оствари телефонски разговор со својот колега американскиот секретар за одбрана Марк Еспер посветен на прашањето на формирање безбедна зона на границата со Сирија, во северниот дел на оваа земја.

Во телефонскиот разговор помеѓу Акар и Еспер уште еднаш беше нагласено дека нема да се дозволи да се формира терористички коридор јужно од Турција (на границата со Сирија). 

Освен тоа во разговорот беше побарано од Соединетите Американски Држави (САД) целосно да ја прекинат поддршката на сепаратистичко-терористичката организација ПКК/ПЈД/ЈПГ, а пред се поддршката во оружје и муниција. 

Во објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана се истакнува дека министерот Хулуси Акар во телефонскиот разговор до својот американски колега Марк Еспер ја достави следната порака: „Доколку дојде до одолговлечување, задоцнување, во активностите за формирање на безбедна зона/мировен коридор во источниот дел на реката Еуфрат на длабочина од приближно 30 километри во должина на границата која ќе биде исчистена од тешкото оружје и терористите, овие активности со САД ќе завршат и Турција е крајно одлучна во тоа.“



Слични вести