Воени бродови на НАТО преминаа низ морскиот теснец Чанаккале

Воените бродови за време на преминот низ морскиот теснец Чанаккале беа придружувани од страна на екипи на турската крајбрежна стража

1281097
Воени бродови на НАТО преминаа низ морскиот теснец Чанаккале

Воени бродови на НАТО кои ќе учествуваат на воената вежба „Нусрет-2019 Покана“ која што ќе се одржи од 4 до 20 октомври во Чанаккале и заливот Сарос, пристигнаа во морскиот теснец Чанаккале (Дарданелите).

Воените бродови „ITS VESUVİO“ означен со број А 5329 од составот на италијанската флота на НАТО, „HS KALLISTO“ означен со број М63 од грчката флота, „SELLA“ со број М32 од шпанската флота, како и воените бродови „ITS NUMANA 9“ означен со број М-5557 во сопственост на италијанските поморски сили и „TCG Amasra“ со број М266 од составот на турската флота околу 09:00 часот по турско време редум преминаа преку морскиот теснец Чанаккале.

Воените бродови за време на преминот низ морскиот теснец Чанаккале беа придружувани од страна на екипи на турската крајбрежна стража.

Бродовите, заедно и со реморкерите за спасување во сопственост на Генералната дирекција на крајбрежната стража се укотвија во пристаништето Нара кое што ќе го посетат извесно време.



Слични вести