Портпаролот на ЕК: Свесни сме за легитимните безбедносни грижи на Турција на границата со Сирија

Портпаролот на Европската комисија Карлос Мартин Руис де Гордехуела рече дека Европската унија (ЕУ) е свесна за легитимните безбедносни грижи на Турција на границата со Сирија

1281343
Портпаролот на ЕК: Свесни сме за легитимните безбедносни грижи на Турција на границата со Сирија

Портпаролот на Европската комисија Карлос Мартин Руис де Гордехуела во дадената изјава на одржаниот редовен дневен брифинг за печатот истакна дека значајно е да продолжат дипломатските преговори меѓу Турција и САД во однос на формирањето на безбедна зона во Сирија.

Де Гордехуела рече дека Европската унија (ЕУ) е свесна за легитимните безбедносни грижи на Турција на границата со Сирија.

„Ние сме свесни за легитимните безбедносни грижи на Турција на границата со Сирија. Она што е значајно за нас е да не дојде до нови вооружени судири во северниот дел на Сирија и да не дојде до интензивно раселување на цивилите во подрачјето.“ - порача портпаролот на Европската комисија Карлос Мартин Руис де Гордехуела.



Слични вести