МНР на Турција издаде препредување до своите граѓани кои патуваат или се наоѓаат во Ирак

Во издаденото предупредување од МНР поради протестите во некои градови и области во Ирак, а поготово во главниот град Багдад, им се препорачува на турските граѓани да избегнуваат да патуваат во градовите и областите каде што продолжуваат протестите

1280839
МНР на Турција издаде препредување до своите граѓани кои патуваат или се наоѓаат во Ирак

Министерството за надворешни работи на Турција издаде предупредување за патување во врска со Ирак и посака од турските граѓани да избегнуваат да патуваат во градовите и областите каде што продолжуваат протестите во оваа земја.

Во објавеното предупредување за патување од страна на Министерството, поради протестите кои што продолжуваат во некои градови и области во Ирак, а поготово во главниот град Багдад, им се препорачува на турските граѓани да избегнуваат да патуваат во областите и градовите каде што има протести, без поголема потреба.

Во соопштението стои и следното: „На нашите граѓани кои моментално се наоѓаат во Ирак пак, им препорачуваме да ги следат одблизу предупредувањата на ирачките власти, да избегнуваат да одат и да се наоѓаат во прометни места и да бидат претпазливи и будни во однос на својата лична животна безбедност.“

Во предупредувањето се нагласува дека турските граѓани кои ќе бидат подложени на негативно влијание на ситуацијата во Ирак и ќе имаат потреба од помош, како и оние кои не можат да добијат информации од своите блиски во Ирак да воспостават комуникација со конзуларниот кол центар (+90 312 292 29 29) или да се обратат директно до Амбасадата на Турција во Багдад на телефонскиот број +964 790 190 94 06 или по пат на електронска пошта на „ embassy.baghdad@mfa.gov.tr “.



Слични вести