Хулуси Акар: Плановите на Турција за безбедната зона во северниот дел на Сирија се готови

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар истакна дека плановите на Турција за безбедната зона во северниот дел на Сирија се готови

1281312
Хулуси Акар: Плановите на Турција за безбедната зона во северниот дел на Сирија се готови

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар денеска во градот Кајсери говореше на церемонијата на Договорот за модернизација на авионите А400М каде што информира дека вечерва ќе оствари телефонски разговор со американскиот секретар за одбрана Марк Еспер посветен на безбедната зона во Сирија.

Во врска со безбедната зона за која што се планира да се формира во северниот дел на Сирија, министерот Акар истакна дека плановите на Турција по ова прашање се готови и рече: „Со трпение и искреност ги продолжуваме нашите контакти за мирољубиво решение.“

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар својот говор го продолжи со следните зборови: „Денеска во вечерните часови ќе разговараме со американскиот секретар за одбрана Еспер. Како што кажавме и претходно нашите планови се готови. Тоа што ги продолжуваме разговорите и сакаме проблемот да го решиме со мирољубиви методи не треба да се оценува како слабост, а тоа што велиме дека нашите планови се готови не треба да се оценува како закана.“



Слични вести