Чавушоглу за безбедната зона: На инструкција на претседателот Ердоган ќе биде направено неопходното

Министерот за надворешни работи Чавушоглу, по прашањето на евентуалната воена операција во северниот дел на Сирија, истакна дека  во моментот кога ќе се добие инструкција од претседателот Ердоган, како врховен командант, ќе биде направено неопходното

1281166
Чавушоглу за безбедната зона: На инструкција на претседателот Ердоган ќе биде направено неопходното

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу даде изјави за еден приватен телевизиски канал, посветени на актуелниот дневен ред.

Чавушоглу, по прашањето на евентуалната воена операција во северниот дел на Сирија, истакна дека  во моментот кога ќе се добие инструкција од претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, како врховен командант, ќе биде направено неопходното.

Мевлут Чавушоглу во својот говор се осврна на прашањето на безбедната зона за којашто се планира да се формира со САД во северниот дел на Сирија, го рече следното: „Ние заедно со понудата на САД постапивме искрено за да се формира овде навистина безбедна зона. Меѓутоа, отворено стои дека истата искреност не ја видовме кај американската страна. И нашиот претседател стави акцент особено на ова прашање. Сметаме дека овој процес којшто го продолжуваме со САД нема да не води до посакуваната точка. Тоа го потврдуваат информациите коишто пристигнуваат од теренот.“

Нагласувајќи дека ионака Турција и претходно планираше да влезе во ова подрачје и овде да формира безбедна зона, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу рече: „Изјави во оваа насока даде и господинот претседател. Сега треба да ги фрлиме чекорите за исчистување од овде на терористичките организации веднаш покрај нас и за враќање назад овде на бегалците. Нашите подготовки продолжуваат од одамна. Секако тогаш кога ќе даде инструкција нашиот претседател Реџеп Тајјип Ердоган, како врховен командант, ќе биде направено неопходното.“

 



Слични вести