Во областа Авашин на северот на Ирак се неутрализирани 7 терористи

Министерството за национална одбрана соопшти дека координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) е реализирана воздушна операција на областа Авашин на северот на Ирак во која се неутрализирани уште 7 терористи на ПКК

1280640
Во областа Авашин на северот на Ирак се неутрализирани 7 терористи

Во реализирана прекугранична воздушна операција на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) во северниот дел на Ирак се неутрализирани 7 терористи, припадници на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Според објавеното соопштение од Министерството за национална одбрана, координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) која што продолжува во северниот дел на Ирак е реализирана воздушна операција на областа Авашин во подрачјето.

Во соопштението на министерството се вели следното: „Нашите Турски вооружени сили (ТВС или TSK) со зголемена сила и темпо продолжуваат со операциите против терористичката организација ПКК. Координирано со операцијата „Шепа“ („Pençe“) е реализирана воздушна операција на областа Авашин на северот на Ирак во која се неутрализирани уште 7 терористи на ПКК.“



Слични вести