Посетата на претседателот Ердоган на Пакистан доведе до промена на местото и календарот на саемот

Согласно претстојната посета на претседателот Ердоган на Пакистан е направена измена и во местото и календарот на одржување на Одбранбениот саем High Tech Port кој наместо од 29 до 31 октомври во Карачи ќе се одржи од 24 до 26 октомври во Исламабад

1280578
Посетата на претседателот Ердоган на Пакистан доведе до промена на местото и календарот на саемот

Поради претстојната посета на претседателот Реџеп Тајјип Ердоган на Пакистан е направена измена и во местото и календарот на одржување на  Одбранбениот саем High Tech Port на кој турските компании и фирми за одбранбена и воздухопловна индустрија ќе се состанат со пакистанските функционери.

Претседателот на Управниот одбор Medyacity Хакан Курт во врска со ова прашање изјави дека во рамките на официјалната посета којашто претседателот Ердоган ќе ја оствари на 24 октомври, на барање на Министерството за одбранбено производство на Пакистан и со одобрение и на Управата за одбранбена индустрија во кабинетот на претседателот местото на одржување на саемот е поместено во главниот град Исламабад, а како што рече за развој на односите помеѓу двете земји и за давање значајни пораки до светот.

Велејќи дека саемот ќе се одржи на еден воен простор обезбеден од страна на Министерството за одбранбено производство на Пакистан, Хакан Курт истакна дека во тој контекст повторно е утврден и календарот на саемот кој ќе се одржи од 24 до 26 октомври.

Тој воедно додаде дека согласно евентуалната посета на саемот од страна на лидерите на двете земји повторно ќе биде преуредена и програмата на манифестацијата.

Инаку, во рамките на Одбранбениот саем High Tech Port турските компании и фирми за одбранбена и воздухопловна индустрија ќе се состанат со пакистанските домашни производители и снабдувачи, а со цел зголемување на можностите за извоз во Пакистан како земја која годишно троши 7 милијарди долари во оваа сфера.

Претходно беше соопштено дека организацијата за која станува збор т.ј. саемот ќе се одржи во периодот од 29 до 31 октомври во Expo Center во Карачи.



Слични вести