Хулуси Акар: Ќе го произведеме сопствениот национален борбен авион и ќе го развиеме сопствениот одбранбен систем

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар рече дека Турција ќе го произведе сопствениот национален борбен авион и ќе го развие својот противвоздушно одбранбен систем

1280497
Хулуси Акар: Ќе го произведеме сопствениот национален борбен авион и ќе го развиеме сопствениот одбранбен систем

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар во говорот што го одржа на „Самитот за воен радар и гранична безбедност“ во организација на Здружението на самостојни бизнисмени (МУСИАД) цо Анкара истакна дека во светот со голема брзина се доживуваат значајни случувања, новини и трансформации кои што доведуваат до вртоглавица.

Акар рече дека Турција ќе го произведе сопствениот национален борбен авион и ќе го развие својот противвоздушно одбранбен систем. 

Велејќи дека голем дел од тоа ја засега одблизу Турција, Хулуси Акар напомена дека одблизу се следат сите случувања до кои што доаѓа во политичката, воената ,технолошката, економската и другите сфери.

Тој подвлече дека Турција е излезена од земјата која постојано се бави со своите сопствени проблеми и која ги троши во себе изворите и сопствената енергија со кои што располага.

„Во правец на потребите на Турските вооружени сили (ТВС или TSK) веќе со нашите сопствени можности и извори произведуваме голем број видови на оружје, возила и други средства и муниција.“ - рече Акар и го додаде следното: „Нашите бродови од проектот МИЛГЕМ, главниот борбен тенк Алтај, топовските системи Фиртина, офанзивниот хеликоптер АТАК, наоружаните/ненаоружаните беспилотни летала, авионот за почетна и основна обука Хуркуш, хеликоптерот за општа намена ЃОКБЕЈ кој го реализира својот прв лет и наскоро ќе почне негово сериско производство и секој вид муниција која што ја произведуваме, се најзначајните показатели на нашата упорност и одлучност во однос на домашното и националното производство.“ 

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар нагласувајќи дека домашното производство во одбранбената индустрија ќе продолжи со негов постојан раст и посочувајќи на дискусиите со САД во врска со борбените авиони Ф-35 рече: „Ако не бива со Ф-35, го произведовме Хуркуш, Иншаллах (со Аллахова помош) ќе го произведеме и нашиот сопствен национален борбен авион. Ако не бива со Патриот, го произведуваме Сипер, уште повеќе ќе го развиеме нашиот сопствен противвоздушно одбранбен систем. Никој да нема сомневање во тоа.“



Слични вести