Министерот за национална одбрана Акар се состана со својот црногорски колега Бошковиќ

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар својот колега црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ го пречека во Министерството со воена церемонија

1279804
Министерот за национална одбрана Акар се состана со својот црногорски колега Бошковиќ

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар денеска во Анкара се состана со црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.

Акар својот црногорски колега Бошковиќ го пречека во Министерството за национална одбрана со воена церемонија.

Како што се дознава, по церемонијата двајцата министри за одбрана Хулуси Акар и Предраг Бошковиќ преминаа на средба лице в лице каде што разменија мислења во однос на регионални безбедносни и одбранбени прашања. 

По директната средба Акар и Бошковиќ претседаваа и на разговорите помеѓу делегациите на министерствата за одбрана на двете земји.

По разговорите помеѓу делегациите, од страна на министрите за одбрана на двете земји, Хулуси Акар и Предраг Бошковиќ беа потпишани Договорот за воена финансиска соработка и Протоколот за апликации за парична помош.



Слични вести