Честитка од претседателот Ердоган по повод еврејската нова година празникот Рош Хашана

Претседателот Ердоган објави порака по повод еврејскиот празник Рош Хашана кој ја симболизира новата година според еврејскиот календар и им го честита овој значаен ден на сите вереи, а пред се на евреите кои живеат во Турција

1279178
Честитка од претседателот Ердоган по повод еврејската нова година празникот Рош Хашана

Претседателот Реџеп Тајјип Ердоган објави порака со честитка по повод еврејскиот празник Рош Хашана кој ја симболизира новата година според еврејскиот календар. 

Честитајќи им ја еврејската нова година Рош Хашана на сите еврејски граѓани, претседателот Ердоган во својата порака го истакна следното: „Нашиот честит народ, на овие територии коишто претставуваат симбол на цивилизацијата на љубовта и толеранцијата, стотици години како општествената, културната, политичката и човечката разноликост ги смета како најголемо богатство кое ги зајакнува единството и заедништвото. Посебните денови коишто ја заживуваат сопствената култура и традициите на нашите граѓани припадници на различни верувања, му придаваат колоритност на нашиот општествен живот и стануваат повод за зацврстување на нашето древно пријателство и заедништво. Со овие мисли, по повод Рош Хашана едниот од најзначајните верски празници на јудеизмот им посакувам спокојство на сите евреи, а пред се на нашите еврејски граѓани.“

 



Слични вести