Чавушоглу порача од Стразбур: Европа применува двоен стандард во борбата против тероризмот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу порача од Стразбур каде што отпатува по повод 70. годишнината од формирањето на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), дека Европа применува двоен стандард во борбата против тероризмот

1279827
Чавушоглу порача од Стразбур: Европа применува двоен стандард во борбата против тероризмот

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во францускиот град Стразбур каде што отпатува по повод церемонијата на прослава на 70. годишнината од формирањето на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), истакна дека Европа применува двоен стандард во борбата против тероризмот.

Чавушоглу воедно напомена дека струите како што се расизмот и непријателството кон исламот (ксенофобијата) ги потресуваат основните вредности на Европа.

Мевлут Чавушоглу во рамките на своите средби и разговори во Стразбур најпрвин се состана со претседателката на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПАСЕ) Лилијан Мори Паскје.

На средбата беше разговарано за чекорите коишто можат да се фрлат против расизмот и  непријателството кон исламот (ксенофобијата).

Потоа, Чавушоглу се состана со генералната секретарка на Советот на Европа Марија Пејчиновиќ Буриќ.

На оваа средба беше дадена порака за заедничка борба против терористичките организации.

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу ја прими и Елиф Башак Чаглар, која го освои првото место на натпреварот за композиција што се одржа од страна на Министерството за национално образование, а во рамките на манифестациите по повод одбележувањето на 70. годишнината од форморањето на Советот на Европа.

Во соопштението коешто го објави Чавушоглу на социјалната мрежа Твитер, истакна дека и честитал на Чаглар и ѝ посакал успех во понатамошното образование.

Инаку, ученичката Елиф Башак Чаглар го освои првото место во Турција на натпреварот за композиција што се одржа од страна на Министерството за национално образование, а во рамките на манифестациите по повод одбележувањето на 70. годишнината од форморањето на Советот на Европа.



Слични вести