Во антитерористички операции кај градовите Сиирт и Мардин се неутрализирани 6 терористи

Во реализирани антитерористички операции во југоисточниот дел на земјата се неутрализирани 6 терористи од кои 5 мина во руралното подрачје на Первари кај градот Сиирт и еден терорист во населеното место Артуклу кај градот Мардин

1278465
Во антитерористички операции кај градовите Сиирт и Мардин се неутрализирани 6 терористи

Во реализирана антитерористичка операција поддржана од воздух од страна на тимовите за специјални операции на жандармеријата во руралното подрачје на Первари кај градот Сиирт се неутрализирани 5 терористи, а во операцијата во населеното место Артуклу кај градот Мардин е неутрализиран еден терорист.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, по реализирани разузнавачки активности од страна на градската команда на жандармеријата на Сиирт од страна на тимовите на жандармеријата за специјални операции е реализирана антитерористичка операција поддржана од воздух во руралното подрачје на населеното место Первари.

Во операцијата се неутрализирани 5 мина терористи.

Од друга страна во реализирана антитерористичка операција кај градот Мардин е неутрализиран еден терорист.

Според објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи, во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност од страна на специјалните сили на градската дирекција на полицијата и екипите на Дирекциите на одделението за борба против тероризмот е реализирана заедничка антитерористичка операција во населеното место Артуклу кај градот Мардин.

Во оваа операција беше неутрализиран терористот по име Фират Шимди познат под кодното име „Рогер“.

Од друга страна, Министерството за национална одбрана соопшти дека од страна на два турски воени авиони Ф-16 вчера беше соборено беспилотно летало за кое не е утврдено на која земја и припаѓа, а кое шест пати го нарушило турскиот воздушен простор во областа на операцијата Еуфратски штит и западниот дел на градот Килис во Турција, во непосредна близина на границата со Сирија.

Во соопштението на министерството се истакнува дека неидентификувано беспилотно летало на која земја и припаѓа на 28 септември шест пати го нарушило турскиот воздушен простор во областа на операцијата Еуфратски штит и западниот дел на градот Килис.

„Беспилотно летало за кое по координирана работа не е утврдено на која земја и припаѓа е соборено во 13:24 часот по локално време од страна на две Ф-16’тки кои полетаа од Инџирлик. Остатоците од собореното беспилотно летало од страна на екипите на градската жандармерија на Килис беа пронајдени во областа помеѓу воената база Чилдироба и Центарот за привремено сместување Беширије.“ - се вели во соопштението на Министерството за национална одбрана.



Слични вести