Средба на министерот Хулуси Акар со командантот на поморските сили на Пакистан адмирал Абаси

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар на новоизградениот воен брод во рамките на програмата МИЛГЕМ корветата „ТЏГ Киналиада“ се состана со командантот на поморските сили на Пакистан адмирал Зафар Махмод Абаси

1278542
Средба на министерот Хулуси Акар со командантот на поморските сили на Пакистан адмирал Абаси

Министерот за национална одбрана Хулуси Акар се состана со командантот на поморските сили на Пакистан адмирал Зафар Махмод Абаси.

Министерот Хулуси Акар вчера учествуваше на церемонијата на свечено предавање на турските Поморски сили на бродот „ТЏГ Киналиада“ (F-514) четвртиот и последен брод корвета од островска класа, коишто се градат во рамките на програмата за национални воени бродови МИЛГЕМ (MILGEM) и на церемонијата на сечење на лимот на првиот брод од проектот МИЛГЕМ за изградба на корвета за Пакистан, на кои присуствуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган.

Министерот Акар потоа го прошета новоизградениот воен брод, корветата „ТЏГ Киналиада“.

Овде министерот за национална одбрана Хулуси Акар заедно и со началникот на Генералштабот генерал на армија Јашар Ѓулер и командантот на поморските сили адмирал Аднан Озбал учествуваше на приредениот брифинг во врска со корветата „ТЏГ Киналиада“.

Потоа, министерот за национална одбрана Хулуси Акар го прими командантот на поморските сили на Пакистан адмирал Зафар Махмод Абаси.

Како што се дознава, на остварената средба на корветата „ТЏГ Киналиада“ освен за регионални прашања било разговарано и за прашања посветени на соработката помеѓу двете земји во воената и одбранбената сфера.



Слични вести