Порака со сочувство од Турција до Индија по повод загинатите во поплавите

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи е изразено сочувство за загинатите во поплавите коишто ја зафатија Индија, а во кои има повеќе од 110 загинати и голем број повредени

1278512
Порака со сочувство од Турција до Индија по повод загинатите во поплавите

Турција објави порака со сочувство по повод смртта на над 110 лица во поплавите коишто погодија голем број области на Индија. 

Во објавеното писмено соопштение од турското Министерство за надворешни работи е изразено сочувство за загинатите во поплавите коишто ја зафатија Индија.

Во соопштението се вели следното: „Со жалење е дознаено за смртта на над 110 лица во катастрофата од поплави коишто зафатија голем број области на Индија, а пред се сојузната држава Утар Прадеш. Срдечно го изразуваме нашето сочувство до индискиот народ, индиската влада и до блиските на загинатите во катастрофата.“



Слични вести