Ершет Салихи: Турција е соседна земја која отсекогаш го брани територијалниот интегритет на Ирак

Претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ITC) Ершет Салихи истакна дека тоа што Турција отсекогаш го брани територијалниот интегритет на Ирак претставува голема поддршка за Ирачаните

1278578
Ершет Салихи: Турција е соседна земја која отсекогаш го брани територијалниот интегритет на Ирак

Претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ITC) Ершет Салихи во рамките на своите разговори во градот Ербил во северниот дел на Ирак се состана со генералниот конзул на Турција во Ербил Хакан Карачај по што одговараше на прашањата на новинарите.

Ершет Салихи истакна дека тоа што Турција отсекогаш го брани територијалниот интегритет на Ирак претставува голема поддршка за Ирачаните.

Нагласувајќи дека Турција секогаш стои покрај Ирачаните, Салихи рече: „Турција е соседна земја која отсекогаш го брани територијалниот интегритет на Ирак. Тоа, секогаш претставувала голема поддршка за Ирачаните.“

Ершет Салихи напомена дека Турција е земја која ја подава својата рака за помош и дека секогаш ги отвара своите врати како во хуманитарна смисла, така и за лекување на ранетите во своите болници.

Генералниот конзул на Турција во Ербил Хакан Карачај исто така истакна дека на остварената средба со претседателот на Ирачкиот туркменски фронт (ITC) Ершет Салихи размениле мислења во однос на низа прашања.



Слични вести