Кај градот Сиирт се неутрализирани двајца терористи

Во руралното подрачје на населеното место Бајкан кај градот Сиирт се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК

1278137
Кај градот Сиирт се неутрализирани двајца терористи

Во реализирана операција во руралното подрачје на населеното место Бајкан кај градот Сиирт, во југоисточниот дел на земјата, се неутрализирани двајца терористи на сепаратистичко-терористичката организација ПКК.

Во објавеното соопштение од Министерството за внатрешни работи се истакнува дека во рамките на операциите за воспоставување на внатрешната безбедност од страна на тимовите на градската команда на жандармеријата во руралното подрачје на населеното место Бајкан кај градот Сиирт е реализирана операција поддржана од воздух.

Во операцијата се неутрализирани двајца вооружени терористи. 

Во соопштението се вели дека операциите во подрачјето продолжуваат.



Слични вести