Ердоган: Одлучни сме нашите домашни и национални можности да ги издигнеме на највисоко ниво во секоја сфера

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е одлучна своите домашни и национални можности да ги издигне на највисоко ниво во секоја сфера

1278394
Ердоган: Одлучни сме нашите домашни и национални можности да ги издигнеме на највисоко ниво во секоја сфера
Milgem Kınalı ada Cumhurbaşkanı Erdoğan.jpg
hulusi akar kinaliada.jpg
erdogan kinaliada gemisi1.jpg
Milgem Kınalı ada Cumhurbaşkanı Erdoğan.jpg

Претседателот Реџеп Тајјип учествуваше на свечената церемонија на предавање на турските Поморски сили на бродот „ТЏГ Киналиада“ (F-514) четвртиот и последен брод корвета од островска класа, коишто се градат во рамките на програмата за национални воени бродови МИЛГЕМ (MILGEM). 

Претседателот Ердоган во говорот што го одржа на церемонијата во Командата на бродоградилиштето во Истанбул истакна дека Турција е одлична своите домашни и национални можности да ги издигне на највисоко ниво во секоја сфера.

Ердоган рече: „Случувањата во последно време во светот и во Средоземното Море ни посочуваат на тоа дека треба да бидеме многу посилни и во морињата.“

Претседателот Ердоган истакна дека Турција е една од десетте земји во светот која денеска со свои домашни и национални можности, дизајнира, гради и ги одржува воените бродови.

„Одлучни сме да ги издигнеме на највисоко ниво нашите домашни и национални можности во секоја сфера од бродски машини до поморски топови, ракети (проектили), торпида и до електронски системи.“ - порача Ердоган.

Велејќи дека напредокот што го постигна Турција во последно време во сферата на одбранбената индустрија овозможува да се гледа кон независноста и иднината со поголема доверба , Ердоган рече: „Случувањата по прашањето на авионите Ф-35 во чиј проект сме партнери ја зголеми уште повеќе нашата одлучност во оваа сфера. Онака како што ги развивме, пуштивме да летаат нашите беспилотни летала ИХА, наоружани беспилотни летала СИХА и сателити, Иншаллах (со Аллахова помош и дозвола) ќе се стекнеме и со нашиот сопствен воен авион.“

Претседателот Реџеп Тајјип својот говор го заврши со следните зборови: „Штом го разбудија џинот ќе се помират и со последиците.“

На церемонијата свое обраќање имаше и министерот за национална одбрана Хулуси Акар кој рече: „Кога ќе погледнеме кон историјата гледаме дека оние кои располагаат со силна поморска сила постојано биле во подем, оние кои ја губат поморската сила биле поразени. Од тој аспект вчера имавме потреба од силна флота, имаме и денеска, а ќе имаме и во иднина.“



Слични вести