Чавушоглу: Не сме задоволни од точката до која е дојдено моментално со безбедната зона во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу истакна дека Турција не е задоволна од точката до која што моментално е дојдено по прашањето на безбедната зона за која се планира да се формира во северниот дел на Сирија

1278049
Чавушоглу: Не сме задоволни од точката до која е дојдено моментално со безбедната зона во Сирија

Министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во Њујорк, во САД, каде отпатува по повод седниците на 74. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) се состана со претставниците на турските медиуми. 

Овде министерот Чавушоглу во врска со безбедната зона за која се планира да се формира во северниот дел на Сирија рече: "Ние не сме задоволни од точката до која што моментално е дојдено."

Во својот осврт по ова прашање, Мевлут Чавушоглу нагласи дека главната цел на Турција е терористите да излезат и да бидат исчистени од ова подрачје. 

"И Америка има дадено ветување во оваа насока и треба да го исполни ова свое ветување. Ние би работеле по ова прашање било со единиците за безбедност кои ќе заземат задача во безбедната зона која ќе се формира со излегување на терористите, било со локалните власти, со САД и со тамошните локални елементи и локалниот народ, меѓутоа секако не со ЈПГ/ПКК/ПЈД. Треба да им помогнеме и на луѓето кои ќе сакаат да се вратат овде по формирањето на безбедната зона. На крај ако не успееме тоа да го направиме заедно, преостанува едно коешто треба да го направиме, да влеземе таму и да го исчистиме ова подрачје од терористите."

На прашањето во врска со тоа дека истече времето коешто им беше дадено на САД по прашањето на безбедната зона пак, Мевлут Чавушоглу истакна дека календарот не е календар од две недели и рече: "Во точката до којашто е дојдено моментално ние не сме задоволни и тоа отворено и јасно им го кажавме на Американците. Затоа ионака ако продолжи ова одолговлечување ние ќе бараме решение самите."

Во врска со убиството на саудискиот новинар Џемал Кашикчи (Џамал Кашоги) пак, Чавушоглу истакна дека важно е тоа што саудискиот прин престолонаследник Мухамед бин Салман ја призна одговорноста, но напомена дека тоа не е доволно.

"Постои едно убиство, сторителите на убиството се познати. Сторителите на ова убиство треба да положат сметка пред судот, пред правото и Саудиска Арабија треба да биде транспарентна по ова прашање. Важно е да се прифати одговорноста, но важно е и да се полага сметка. Има прашања на кои што се уште не е дадено одговор. Што стана со трупот, каде е и кој или кои се локалниот соработник? Постои едно убиство и нашата единствена желба е извршителите да положат сметка пред судот."



Слични вести