Чавушоглу на состанокот на МИКТА
МИКТА која беше формирана пред 5 години претставува значајна платформа за оживување на реформите и мултилатералните механизми за соработка на ОН

Министерот за надворешни работи на земјава Мевљут Чавушоглу учествува на состанокот на МИКТА кој се формираше на иницијатива на Мексико, Индонезија, Јужна Кореја, Австралија и Турција.
Во рамките на разговорите на 74-то Генерално заседание на ОН во Њујорк, под претседателството на привремениот претседавач Мексико со учество на министрите за надворешни работи се одржа 15-от состанок на МИКТА:
Чавушоглу во објавата преку профилот на твитер истакна:
„На 15-от состанок на министрите за надворешни работи на МИКТА што се одржа во рамките на 74-то Генерално заседание на ОН имавме можност да размениме мислења во врска со регионалните и глобалните прашања. Организацијата МИКТА која беше формирана пред 5 години претставува значајна платформа за оживување на реформите и мултилатералните механизми за соработка на ОН“.
Слични вести

Чавушоглу престојува во посета на Унгарија
Љубовта кон човекот, културата на соживот и почитување на другиот. Тоа е приказната за Ѓул Баба!